Го штитиме стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики, велат од владејачката партија СДСМ.
Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултатит, цените се намалуваат, се зголемува опсегот на производите опфатени со мерките за замрзнување на цените. Прв на листата за замрзнување на цената, беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари. Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти.
Владата денеска треба да ја замрзне на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март, потенцираат од СДСМ.
Порачаа дека нема да дозволат некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза.
Додаваат дека минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите се зголемени за 8,4 отсто, а велат дека континурано расте и просечната плата.