Родителите на Јана размислуваат за селење: Овде се е поврзано доктори, обвинители, судии

Родителите на малата Јана Христовска, која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија, велат дека ќе се селат од државата.

Сметаат дека тука нема правда и може да ја напуштат државата. Според нив тука се поврзано и нема правда од лекари, судии и обвинители.

 Завчера пред Основното јавно обвинителство во Битола се одржа протест „Правда за Јана“, на кој беше изразен револтот на одлуката на Обвинителството.

– Сите велат дека е срамно ова што излезе сега со судска медицина. Ова е срам за државата. Очекувавме да го отфрлат предмето, но не толку брзо бидеќи ние како оштетени имаме право на некои барања и други докази, велат тие.

Слични објави