Вагнер застанал, Пригожин прифатил договор, соопшти Лукашенко

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска разговарал со основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, јавуваат белоруските медиуми.

Лукашенко разговарал со Пригожин, по разговорот и според договор со претседателот на Русија Владимир Путин, пренесуваат белоруските медиуми блиски до раководството од Минск.

Според прес-службата на Лукашенко, Пригожин се согласил да го запре движењето на „Вагнер“ на територијата на Русија и се согласил да преземе дополнителни чекори за деескалација на тензиите.

Во своето обраќање до Русите, претседателот Владимир Путин рече дека сите одговорни за обидот за бунт ќе бидат казнети, ќе одговараат пред законот и народот.

Тој, исто така, истакна дека ќе бидат преземени решителни активности за стабилизирање на ситуацијата во Ростов на Дон, каде што всушност е блокирана работата на цивилните и воените власти.

Слични објави