Британските пратеници бараат реконструкција на зградата на Парламентот, за која велат дека е толку распадната и полна со азбест што е во опасност да биде уништена во „катастрофален инцидент“.
Седиштето на британската демократија е под постојан ризик од пожар, се вели во извештајот на Комитетот за јавни сметки на британскиот Парламент, пренесува Sky News.
Во него се додава дека постои реален и растечки ризик катастрофален инцидент да ја уништи зградата пред завршување на долго одложуваните работи.
Според проценките, реконструкцијата би чинела два милиони фунти неделно.
Зградата, која привлекува еден милион посетители годишно, е дел од светското наследство на УНЕСКО, а во 2018 година пратениците гласаа да се иселат од Вестминстерската палата до средината на 2020-тите за да се изврши работата.
Сепак, многу пратеници сега одбиваат да ја напуштат зградата, а групата формирана да го надгледува проектот за реконструкција беше распуштена минатата година.
Од друга страна, Комитетот предупреди дека проектот може да потрае 76 години и да чини дури 22 милијарди фунти, доколку пратениците останат во Вестминстерската палата.