Премиера на „Кајмак“ во Софија

од Вести365.МК | С.З.

На 27-то издание на „Софија филм фест“ во Софија, премиерата на филмот „Кајмак“ од Милчо Манчевски привлече огромно внимание и доби бурни овации и аплаузи од полната сала. Актерската екипа составена од Ана Стојановска, Сара Климоска и Александар Микиќ беше присутна на премиерата, каде што публиката исто така имаше можност да поставува прашања по прикажувањето на филмот. Ана Стојановска за Репортер раскажува дека публиката одлично го прифаќа филмот и дека атмосферата во салата била фина. Покрај премиерата на филмот, на „Софија филм фест“ беше претставена и ретроспектива на делата на Милчо Манчевски, каде што тој имаше честа да биде претседател на главното жири на фестивалот.

Слични објави