По премиерот Вучевиќ, и министерот за транспорт Весиќ позитивен на корона

од Вести365.МК | М.Т.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е позитивен на коронавирусот.

Министерот Весиќ ги откажа сите посети и средби што беа планирани за денеска и утре, како и присуство на продолжението на седницата на Парламентот на Република Србија.

Весиќ е на домашно лекување, од каде преку платформи за видео состаноци ќе продолжи да ги координира најважните активности на Министерството.

Во Србија вчера беше соопштено  дека и премиерот Милош Вучевиќ е позитивен на Ковид-19

Слични објави