Почина Панчо Минов, поранешен пратеник во Собранието и поранешен градоначалник на Кавадарци. Веста се објавува на социјалните мрежи, а сочувство меѓу првите изрази актуелниот пратеник и поранешен министер од редовите на СДСМ Оливер Спасовски.
-Со тага ја примив веста за смртта на Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и уважен човек. Ќе го паметиме по неговата посветеност и човечност. Сочувство до семејството и сите негови пријатели. Нека Господ му подари вечен мир, а на неговите најблиски утеха и сила – напиша Спасовски.
Минов е роден во 1958 година во Кавадарци, дипломирал на Факултет за политички науки, дипломиран правник на правен факултет.
Бил пратеник во Собрание на Република Македонија во првиот состав, од страна на Либерална партија, во период од 1990 до 1998 година, од страна на ГРОМ во пратеничкиот состав 2016-2020 и од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024. Бил и поранешен градоначалник на Општина Кавадарци во два мандата, од 2000 до 2005 година, од страна на Либерална партија, и од 2005 до 2009 како независен.