Со треперлив глас и видна вознемиреност во гестовите, со речиси слабод подвижна десна рака пациентката С.С. од Тетово во редакцијата на „Слободен печат“ ја раскажа својата голгота која трае пет години, откако погрешно ѝ бил дијагностициран карцином на десната дојка, поради што со операција отстранети ѝ биле двете гради и сега по судски пат се обидува да бара правда за нанесената телесна и психичка траума.
Во нејзината изјава таа зборува за траумата, шокот, неверицата, измешаните емоции но и за последиците од оваа хируршка интервенција и настаните кои воделе до неа, а кои се манифестирале негативно и врз нејзиното физичко, но и врз менталното здравје.
– Доаѓаа пријатели дома, да ме утешат, а јас не знаев како да им кажам, луѓе, по грешка сум оперирана немам карцином!, вели С.С.
За предметот Лекарската комора изврши стручен надзор, но извештајот на С.С. не ѝ го даваат со образложение дека има обвинителски предмет и наодите од стручниот надзор ја упатуваат да си ги бара од Обвинителството. Поради заштита на идентитетот на жената, напоменуваме дека оригиналниот аудио материјал е студиски дисторзиран, а снимен е во редакцијата на „Слободен печат“.
Видеото можете да го погледнете тука.