Стаклара, во местото познато како Каменик. Во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи предмети, што придонело за брзото ширење на огнот и сложеноста на интервенцијата.
Екипите на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје веднаш излегле на терен и интервенирале со осум возила. По речиси двочасовна борба, пожарот бил ставен под целосна контрола и изгаснат пред 6 часот изутрина.
„Пожарот беше тежок за гаснење поради големото количество масло и запаливи материјали во сервисот, но навремената реакција спречи поголема катастрофа“, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Ме разбуди експлозија – сведочи жител на скопска Пинтија кој живее во непосредна близина на сервисот за возила што ноќеска беше опожарен. Кратко потоа, за околу десетина минути, како што вели тој во изјава за медиумите, на врата му затропала полиција и го замолила да го напушти домот поради безбедносни причини.