ВМРО-ДПМНЕ ќе бара подметнувањето пожар да биде квалификувано како дело на тероризам и над пет години затвор за фрлање отпад

од Вести365.МК Ј.Р.

„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“ нагласи Мицкоски.

Министерството за животна средина уште вчера испратило допис до сите општини да ги расчистат дивите депонии, а отпадот да се одлага каде што му е местото.

Премиерот ги повика несовесните граѓани кои што ги создаваат овие диви депонии да престанат да го прават тоа, бидејќи, како што рече, тие што ќе бидат фатени како фрлаат ѓубре на несоодветно место, ќе бидат најстрого казнети.

Идентификувани се 20-на лица за кои постои основано сомнение дека стојат зад подметнувањето на пожарите, рече Мицкоски за време на денешната посета на општината Јагуновце.

Слични објави