Специјализираната болница “Нефрологија” во Струга ќе биде реновирана за прв пат по 60 години од изградбата, а пациентите ќе добијат опрема за кислородна поддршка. Објектот за подолг престој ќе биде оптимизиран за енергетска ефикасност со соларни колектори и фотоволтаички системи, со што капацитетот ќе се зголеми од 200 на 1.000 пациенти годишно. Министерството за локална самоуправа и швајцарската влада инвестираа вкупно 20,5 милиони денари за да се осигура подобрување на услугите и условите за живеење во регионот. Проектот има за цел подобрување на условите за лекување и за рехабилитација на пациентите, подобрување на работните услови на медицинскиот персонал и развој на здравствениот туризам во регионот преку реконструкција на централниот објект и објектот за дијализа на ЈЗУ Нефрологија Струга.