ОЧАЕН Директорот на болницата во Лариса: „Постојано ни носат деца, страшно е!“

од Вести365.МК Ј.Р.

Грција во шок откако во смртоносниот судир на патничкиот и товарниот воз кај Лариса загинаа десетици патници. Директорот на болницата во Лариса во шок, вели -„Постојано ни носат деца, страшно е“.


„Тоа е она што навистина е страшно. Од првиот до последниот момент, повеќето од пациентите што се лекувале во болницата биле ученици на возраст од 20 до 25 години“, рече директорот на Клиниката за ортопедија од Лариса, Костас Баргиотас.

Ситуацијата како што посочи ќе биде еднакво болна кога семејствата ќе почнат да ги препознаваат жртвите.

Досега животот во несреќата го загубија најмалку 36 лица, а властите стравуваат дека бројките може да растат.

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса.

Слични објави