Охрид трчаТ во недела ќе го има своето 10.то издание, меѓу учесниците и Дарио Ивановски

од Вести365.МК Ј.Р.

Десетото јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи в недела 7.јуни. Оваа година организаторите ќе бидат домаќини на повеќе од 2.700 учесници од повеќе од 30 држави во трите трки – полумаратон, 5 километри и штафетен полумаратон.

–  Наша цел е да имаме успешна организација, а воедно преку овој настан да го презентираме најубавото од Охрид, преку тркачите и на тој начин да се пренесе порака. Дружбата е неизбежна во деновите од викендот, не само во недела кога се трките туку и во сабота кога учесниците имаат можност да уживаат во убавините на Охрид и Охридското крајбрежје, истакна директорот на Охрид трчаТ, Иван Цветкоски.

На денешната прес-конференција со која и практично стартуваат настаните поврзани со овој настан се обрати и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

– Овој настан оваа година го има своето 10.то издание, ова е гордост на градот и гордост за Македонија. Со одржувањето на „Охрид трчаТ“ се создаваат многу пријателства пред сè преку трчањето, истакна градоначалникот.

Денеска почна и издавањето на стартните пакети за учесниците, а ќе има вечерва трка од рекреативен карактер за сите присутни. Стартните пакети ќе се преземаат и утре од 10 часот.

Стартот на полумаратонот во недела е во 8:15 часот, а трката на 5км стартува во 9 часот. По завршувањето на трките организаторите предвидуваат и забава на главната бина.

Од учесниците вреди да се спомене дека оваа година ќе биде најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.

Слични објави