Египетските антиквитети најавија откривање на скриен коридор зад главниот влез на Големата пирамида во Гиза и рекоа дека тоа може да доведе до дополнителни откритија.
Откритието е направено како дел од проект кој користи модерна технологија од 2015 година, вклучувајќи скенирање и ендоскопи за истражување во внатрешноста на пирамидите.
Незавршениот коридор, долг девет метри, веројатно е изграден за да се намали тежината на пирамидата, главниот влез или некоја друга се уште неоткриена комора или простор, изјави шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети, Мостафа Вазири.
Големата пирамида била изградена како монументална гробница околу 2560 година п.н.е., за време на владеењето на фараонот Куфу или Кеопс.
Тоа беше највисоката градба направена од човекот до изградбата на Ајфеловата кула во Париз во 1889 година.