Орбан отиде чекор понатаму: Ги спореди плановите на Европската Унија со плановите на Хитлер

од Вести365.МК Ј.Р.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во овеќе наврати ги критикуваше бирократите од Брисел. Сега отиде чекор понатаму.

Имено, тој ги спореди плановите на Европската Унија со плановите на Хитлер за светска доминација.

Орбан изјавил дека од падот на Римската империја постојано имало обиди да се воспостави „Рајх“ на европска територија, објави германската „Н-ТВ“.

„Византијците, Карло Велики, Бизмарк, Наполеон и Хитлер – сите тие, иако под превезот на различни принципи, сонуваа за европско единство“, рече Орбан.

Според него, ситуацијата денеска не е променета.

„Постоењето на независни нации и империјалистички мисли постојат истовремено. Националната култура и европските вредности. Суверенитетот, и како што велат во Брисел, унија единствена како и секогаш“, рече Орбан во говорот во западниот унгарски град Веспрем.

За потсетување, Унгарија влезе во ЕУ во 2004 година, но често бирократијата од Брисел е на мета на критика на Орбан.

Слични објави