Поп ѕвездата од 2000-тите, американскиот пејач Џастин Тимберлејк (42) се враќа на сцената. Поранешниот миленик на жените не настапувал во живо од 2019 година, а сега повторно ќе пее пред публиката во Лас Вегас, како што пишува The Sun.
Тимберлејк ќе пее на отворањето на хотелот 5H Фонтенбло вреден 3,2 милијарди долари во Невада на 13 декември. На концертот ќе присуствуваат само поканети гости, Џастин наводно веќе подготвува добро позната листа на која ќе се најдат неговите најголеми хитови како ‘SexyBack’, ‘Can’t Stop The Feeling!’ и „Mirrors’“. Наводно за час и половина настап ќе заработи пет милиони долари.

Џастин Тимберлејк е избран за најголема можна ѕвезда за отворање на овој хотел со 3.644 соби, кои почнуваат од 244 фунти за ноќ. Хотелот ќе има 36 ресторани и барови, велнес центар кој вклучува 44 соби за лекување, солена пештера, просторија за инхалација со лековити билки и сауна – вели изворот.
Менаџерите на хотелите се пресреќни што успеале да го договорат настапот на Тимберлејк, убедени се дека тоа е најдобрата можна реклама за нив – додаде тој.
За потсетување, музичарот последен пат настапи соло во живо во април 2019 година во Ункасвил, Конектикат на последниот датум од неговата турнеја „The Man Of The Woods“.
За враќањето на Џастин веќе се зборуваше откако тој ги здружи силите со пејачката Нели Фуртадо и продуцентот Тимбаленд на песната „Keep Going Up“, 16 години по нивниот голем хит „Give It To Me“.