Но, додека многумина ќе ги поминат последните часови од старата година со танцување, шампањ и добра храна, некои ќе ја дочекаат Новата година со малку необични ритуали. Имено, во земјите низ светот постојат различни интересни предновогодишни обичаи, а ние ги издвоивме најбизарните.
Удирање во тенџере во Нов Зеланд
Новозеланѓаните се меѓу првите кои влегуваат во Новата година, а тоа го прават со што погласно удирање во тенџерињата и капаците, секако за среќа.
Кршење чинии во Данска
Во Данска постои необичен обичај каде што се кршат неискористени чинии пред домовите на најблиските. Така, ако во таа земја на првиот ден од новата година се разбудите пред глетка на бројни искршени чинии, тоа значи дека сте доста популарни, но и дека имате 365 дена среќа пред вас.
Само кругови на Филипините
Филипинците традиционално носат, собираат или јадат тркалезни предмети на новогодишната ноќ. Јадат тркалезно овошје и носат облека со шари како кругови или точки бидејќи веруваат дека таа форма им носи среќа.
Отстранување мебел во Италија
Исто како Данците, и Италијанците имаат традиција да се ослободуваат од мебелот. Имено, доколку во вашата куќа чувате некои стари парчиња кои не ви се потребни, сега е вистинското време да се ослободите од нив. Италијанците го прават тоа со фрлање мебел од балкон или директно низ прозорец, што и не е баш најпаметната идеја, нели?
Празни кофери во Колумбија
Ако во овој момент се најдете во Колумбија, голема е веројатноста дека ќе видите луѓе како се шетаат со празни куфери. Според колумбиската традиција, носењето празен куфер за Нова година носи среќа и отвора многу можности за патување во новата година.
Запалени фигури во Еквадор
Во Еквадор на новогодишната ноќ се палат ликови на познати личности. Обично релевантна фигура, како што е политичар, ја претставува годината на крајот, а палењето на фигурата претставува чистење на сите лоши и подготовка за доброто.
Грозје во Шпанија
Кога часовникот отчукува полноќ, Шпанците јадат 12 зелени бобинки од грозје кои би требало да им донесат среќа за секој месец од годината.
Само розово во Аргентина
Додека многу земји имаат традиција да носат црвена долна облека за среќа, Аргентинците на новогодишната ноќ носат розова долна облека, верувајќи дека тоа ќе привлече нова љубов. Покрај тоа, кога часовникот ќе отчука полноќ, ќе зачекорат напред со десната нога.