Николоски: До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид

од Вести365.МК Ј.Р.

До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски.

Во интервју за неделникот „Фокус“, тој нагласува дека постојат бројни проблеми за изградба на автопатот, бидејќи се работи за земјиште што не одговара со класичните геолошки стандарди за изградба на автопат, но како што вели, нема да ја заморува јавноста со проблемите со кои се соочува Министерството.

– Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, затоа што јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Кичево – Охрид. Во однос на косините, се соочуваме со неколку проблеми. Се работи за исклучитечно тежок планински терен. Ние сакаме да ја претставуваме Македонија како земјоделска држава, но 80 проценти се планини кога ќе ја видите мапата. И се работи за земјиште што не одговара на она што се класични геолошки стандарди за изградба на автопат, вели Николоски. 

Прашан зошто не се направени геолошки истражувања кога се проектирала трасата, Николоски вели направени се грешки во проектирањето, како и во изведбата.

– Е тоа е вториот проблем. Направени се многу грешки во проектирањето, но направени се грешки и во изведбата. Јас сега ги барам решенијата и ќе го решиме проблемот. Тоа што го кажав на охридски сега ќе го кажам литературно – што ќе правиме ќе правиме, но до крај на 2026 година ќе имаме функционален автопат, вели Николоски. 

Николоски во интервјуто исто така посочува дека мора да се истражи како за надзорот над Коридорите 8 и 10 број 1 компаниите од САД и Франција губат од компанија од Италија која никој не ја познава, предметот е во ЈО. 

-За жал, претходната влада на Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Артан Груби потпишала во договорот дека за да се декласифицира треба да се согласат двете страни. Јас само што станав министер за транспорт побарав, но другата страна не дозволи да се декласифицира. Инаку, договорот е јавно познат, јас лично сум го извадил, бев единствен политичар во опозиција кој имаше храброст да го извади во јавност и тоа е тоа, рече Николоски. 

Слични објави