Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и „Валони – Брисел интернационал“, Амбасадата на Луксембург и Кинотеката на Македонија, во рамките на Месецот на франкофонијата, организираат Недела на франкофонскиот филм во Кинотеката.
Неделата на франкофонскиот филм ќе се отвори в четврток, 23 март, во 20 часот, со прикажувањето на романскиот филм „Радио Метроном“.
Манифестацијата свечено ќе ја отвори Моника Аксинте, амбасадор на Романија.
Отворањето ќе биде проследено со коктел.
Потоа следуваат:
– петок, 24.3. – швајцарскиот филм „Последниот танц“ на Делфин Лерисе (2022, 1h24), со Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн;
– сабота, 25.3. – белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“ на Жак Бикоа (2021,1h16), со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек ; по проекцијата, следува коктел овозможен од Амбасадата на Белгија во Софија и „Валони – Брисел инрернационал“:
– понеделник, 27.3. – францускиот документарен филм „Деца на татковината“ на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1h50), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер;
– вторник, 28 март, со луксембуршкиот анимиран филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на Раиф Кукула и Матијас Брин се затвора Неделата на франкофонскиот филм.
Сите проекции се одржуваат во Кинотеката на Северна Македонија, со почеток во 20 часот.
Сите филмови се со превод на македонски јазик.