Неверојатно откритие на дното на Балтичкото Море: Археолозите открија нешто што не се гледа често

од Вести365.МК Ј.Р.

Археолозите пронајдоа „уникатен“ ковчег со добро сочувани зачини, од шафран до бибер и ѓумбир, во остатоците на кралскиот брод што потона пред повеќе од 500 години во Балтичкото Море во близина на Шведска.

Потонатиот брод Грибшунд, кој бил сопственост на кралот Ханс од Данска и Норвешка, лежел на морското дно од 1495 година кога потонал, веројатно по пожар, а монархот во тоа време бил на политички состанок во Шведска.

Потонатиот брод бил пронајден од спортски нуркачи уште во 60-тите години, но во последните неколку години се спроведуваат посебни истражувања.

Во претходните нуркања, на површината беа изнесени големи предмети како украсна глава со лак. Во неодамнешното истражување предводено од Брендан Фоли, археолог од Универзитетот Лунд, пронајдени се зачини закопани во седиментите.

„Балтикот е чуден – мала количина на кислород и мал процент на соленост, ниска температура, толку многу органска материја е толку добро зачувана во Балтичкото Море што не би било можно во составот на океанот“, рече Фоли, но тој сè уште смета дека е „извонредно што зачините се пронајдени во толку добра состојба“.

Зачините беа статусен симбол, бидејќи само богатите луѓе можеа да си дозволат да додадат на своето непце јадења како шафран или бибер, кои беа увезени во Европа. Веројатно зачините патувале со кралот Ханс кога бил на состанок во Шведска.

Слични објави