На Курти слабо му оди математика, се изрезили во училиште пред камери (ВИДЕО)

од Вести365.МК | М.Т.

Косовскиот премиер погрешно реши математичка задача на табла во училиште на северистокот на Косово. Албин Курти пресмета дека одговорот е х=0, додека вистинскиот одговор беше х=5. „Да размислував малку повеќе, ќе сфатев“, напиша тој подоцна на Фејсбук, откако снимката се прошири на социјалните мрежи.

„Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Но, морам да кажам дека ми е мило што сега веќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, вели Курти.

„Да размислував подолго за тоа, ќе сфатев дека точниот одговор е x=0, но во тој случај, мислам дека немаше да имам храброст да ја земам кредата и да го напишам точното решение, истакна Курти.

Погледнете го ВИДЕОТО

Слични објави