Најмалку 46 лица загинаа во тешката железничка несреќа во Шпанија, каде денеска се судрија два брзи воза на линијата Мадрид-Андалузија.
Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат откако еден воз се судрил со друг, објавија шпанските железници на Икс.
Шпанскиот весник Ел Паис извести дека сведоците зборуваат за бројни повредени и дека екипите за итни случаи се на местото на настанот.
Истиот весник наведува дека два вагона излетале од шините и паднале во насип. Несреќата се случила кратко по 9 часот наутро по локално време помеѓу градовите Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо.
Во судирот учествувале воз на шпанскиот државен железнички оператор „Ренфе“, кој сообраќал на линијата Мадрид–Севилја и воз на приватната компанија „Ирио“ (Iryo), кој се движел во спротивна насока.
На местото на несреќата се испратени пожарникари, амбулантни возила и медицински екипи, а локалните служби организирале помош за повредените.