Намалени грамажи кај кафето, киселото млеко и лебот – маркетите вадат нови производи за да го заобиколат законот

од Вести365.МК | М.Т.

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите“, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни.

Според него, освен кај кафето, ваква ситуација со намалени грамажи има и кај киселото млеко, кое што во одлуката опфатена за 400 грама, на пазарот наоѓаат и 300-грамско.

Тој пред медиумите извади три врсти на јогурт чии грамажи биле различни од претходно. Сето ова се прави со цел да се заобиколи владината одлука која наведува точни грамажи на производи и за кои треба да има намалување на маржата.

-За многу краток период се вадат нови производи, со цел да не бидат опфатени со одлуката.

Еден килограм не е океј…Разликата меѓу 1000 грама и еден килограм е заштеда од 30 до 50 милиграми. Се оди на секаков начин се со цел да се профитира повеќе, истакна Трајковски.

Според него, големите маркети и со Одлуката за маржите успеваат да остварат профит, па оттука е најсно зошто се обидуваат да ги заобиколат законите.

„Тие се десет милиони евра во добивка и покрај замрзнувањата и намалувањата. Не знам зошто ова го прават кога пак ќе остварат профит“, рече директорот.

Од донесувањето на Одлуката за ограничувањето на маржата до 10 отсто ДПИ извршил преку 500 надзори кај над 73 категории производи и издал над 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4,3 милиони денари.

Владата на 20 септември годинава ја донесе Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која се опфатени повеќе од 70 основни прехранбени производи како леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук и тие нема да смеат да поскапат до 31 октомври.

Слични објави