Пендаровски во посета на ОАЕ: Можна директна авионска линија Скопје – Абу Даби

од Вести365.МК Ј.Р.

Од претседателскиот кабинет посочуваат дека во рамки на посетата, како дел од собработката меѓу Министерствата за надворешни работи бил потпишан и меморандум за укинување на визите за носители на дипломатски и службени пасоши меѓу Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати
Унапредувањето на економската соработка и трговската размена со Обединетите Арапски Емирати е од интерес за Северна Македонија, а за таа цел потребно е подобрување на правната рамка меѓу двете земји.

Ова од Абу Даби денеска го истакнал претседателот Стево Пендаровски за време на средбата со претседателот на ОАЕ, Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, соопштија од кабинетот на претседателот.

Во оваа насока, Пендаровски ги охрабрил иницијативите за склучување на билатерални договори и спогодби за соработка на двете земји во повеќе области, а заедно со неговиот колега размениле мислења околу можностите за продлабочување на меѓусебните односи.

„На средбата беше разговарано за воспоставување на директна авионска линија Скопје-Абу Даби, а беа поздравени иницијативите за поддршка на инвестициски и инфраструктурни проекти од страна на ОАЕ, кои се од стратешки интерес за Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот.
На средбата со претседателот на ОАЕ, двајцата колеги размениле ставови и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките состојби во двете земји

Посетата на претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на Обединетите Арапски Емирати е прва посета на претседателско ниво.

Од претседателскиот кабинет посочуваат дека во рамки на посетата, како дел од собработката меѓу Министерствата за надворешни работи бил потпишан и меморандум за укинување на визите за носители на дипломатски и службени пасоши меѓу Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Слични објави