Мицкоски: 16 градинки во Скопје, 37 во Македонија – Целта е да нема листа на чекање за децата

од Вести365.МК Ј.Р.

Централната власт во изминатава година финансиски помогнала за изградба, проширување или реконтрукција на над 50 детски градинки, а со цел намалување на листите на чекање.

-Во фаза на изработка се 16 градинки во Скопје и 37 во Македонија. Со ова очекуваме да нема листи на чекање за децата во градинките, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешното пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.

Премиерот додаде дека околу 25 милиони евра изнесуваат средствата кои се децентрализирани од буџетот кон општините за изградба, проширување, реконструкција на градинките.

Слични објави