Вчера премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со претставници на Светска банка, кои што се одговорни за Македонија како држава.
На денешниот настан тој одговараше на новинарско прашање за оваа средба.
-Она кое што охрабрува е фактот дека ние сме единствената земја во регионот каде што нивелирањето, осносно усогласувањето на проценката за раст е во позитивна насока. Годината ја започнавме со 2,6% раст на БДП, па потоа се нивелираше на 2,9%, за да вчера излезе на 3,2%. Иако јас сум убеден дека оваа година растот на БДП ќе биде меѓу 3,5% и 4% бидејќи во првото полугодие до сега е 3,7%. Очекувам да бидеме земја во која што има, ако не најниска, меѓу најниските 2-3 инфлации во регионот и Европа. И ако не највисок, тогаш меѓу 5-те највисоки во пораст на БДП во регионот и Европа, рече Мицкоски.