Мицкоски: Со Макрон разговаравме за иднината на граѓаните и европската перспектива

од Вести365.МК Ј.Р.

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која, како што информираше, се разговарало за состојбите во регионот, прашања значајни за иднината на граѓаните и европските перспективи.

Мицкоски средбата ја оцени како пријателска и срдечна, нагласувајќи дека Франција е една од највлијателните држави во Европа, поради што е важно да се водат отворени и директни разговори со јасно изразени очекувања.

„Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Тој порача дека Владата останува посветена на остварувањето на своите цели и на натамошниот напредок на државата.

Слични објави