Мицкоски по средбата со Кошта: Разменивме искуства и идеи за тоа како да го забрзаме напредокот и како да создадеме подобри можности за граѓаните

од Вести365.МК Ј.Р.

Денеска во Брисел остварив средба со Антонио Кошта. Разговаравме за европскиот пат на нашата земја, за важноста од зачувување на европските вредности и за поддршката што ја добиваме во процесот на интеграции, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Разменивме искуства и идеи за тоа како да го забрзаме напредокот и како да создадеме подобри можности за граѓаните. Ваквите средби се од големо значење, бидејќи ја потврдуваат нашата посветеност кон европската перспектива и ја зајакнуваат соработката со европските партнери.

Слични објави