Мицкоски: Како правдата се доближува до криминалците, единствениот начин да го одбранат криминалот им е преку вакви инциденти

од Вести365.МК | М.Т.

Најостро го осудувам. Тоа сепак е чин на агресија и нешто за кое што ние предупредувавм дека ќе се случува ваков тип на ескалација на случувањата и поттикнување на етнички тензии. Ова нема да биде изолиран случај. Ќе има и во иднина. Како правдата се доближува до криминалците, така тие ќе стануваат понервозни и понетрпеливи ии единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е преку вакви инциденти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за вчерашното уништување на македонското знаме при прославата на денот на албанското знаме.

Мицкоски го повтори Тошковски и информира дека приведените лица ќе бидат обвинети за предизвикување расна и национална нетрпеливост, при што максималната казна затвор која можат да ја добијат е 5 години.

Премиерот смета дека „ова е мала и изолирана и манипулирана група од оние кои што ги штитат своите милиони“. Најави дека во наредните денови ќе има и нови приведени лица доколку постојат докази за сторено кривично или прекршочно дело.

-За ова беа предупредени и нашите стратешки партнери и припадниците на меѓународната заедница дека токму ќе се случува на вчерашниот ден бидејќи имавме информации. Исто така уште утрово со министерот за надворешни работи и трговија ги информиравме за случувањата и доказите нашите стратешки партнери во земјата, но и надвор, рече премиерот на почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода.

Слични објави