Министерот Kлековски не сака да дава прогнози кога Гостивар ќе добие чиста вода

од Вести365.МК Ј.Р.

Министерот за здравство Сашо Клековски не сака да дава прогнози кога Гостиварци ќе добијат питка вода.

„Сакаме да бидеме максимално сигурни , значи се следат пробите, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби, кога повеќе од нив ќе бидат соодветни, ќе може да се користи водоводот. Треба на три кориснички места да бидат соодветни тестовите

Може да има еден несоодветен тест и повторно ќе бидат потребни три нови дена, и затоа е неблагодарно да шпекулирам со денови“, рече Клековски.

Слични објави