Министерот за внатрешни на Србија соопшти детали за страшниот случај со убиството на малата Данка

Министерот за внатрешни работи на соседна Србија, Братислав Гашиќ, пред неколку моменти соопшти детали за страшниот случај со убиството на малата Данка Илиќ.

-Осомничениот кој го управувал возилото откако го удрил девојчето го префрлил на задниот дел од возилото. Во 13 часот и 57 минути таткото на девојчето ги запрел и прашал дали го виделе девојчето, а тој рекол не. При пристигнувањето на депонијата, С.Ј. го зел трупот и го фрлил на буништето каде што имало ѓубре. После тоа се вратиле во компанијата и самиот отишол во Банско поле да го бара девојчето, рече министерот.

– Што се однесува до телото. Овие двајца осомничени ги донесовме и тие направија полиграфски преглед. Возачот имал задоцнета реакција, а сопатникот реакција. Двајцата не доведоа до депонијата, но имаме информации дека едниот се вратил на 28 март и го пренел телото на друга локација. Но на нив не можеме да им веруваме, да ги оставиме нашите луѓе да работат, рече министерот Гашиќ.

Слични објави