Гуруто за животниот стил Марта Стјуарт (81) позираше за магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ и со тоа стана најстарата манекенка која некогаш се појавила на насловната страница на тоа списание.
Марта беше фотографирана во костим за капење во Доминиканската Република, а за целокупното искуство се огласи и таа.
Да се биде на насловната страница на мои години е предизвик, но мислам дека добро го направив тоа – изјави таа во емисијата ‘Today’.
За мене тоа е доказ за добар живот. Мислам дека сите треба да размислуваме за добар и успешен живот, а не за стареење. „Целата работа со стареењето е толку досадна“, додаде таа.
