Македонија со сопствена берза за струја

од Вести365.МК | С.З.

На 10 мај со работа стартува македонската берза на електрична енергија. Со домашната берза ќе раководи Националниот оператор на пазарот за електрична енергија, МЕМО. Во интервју за МИА, директорот на МЕМО, Симон Шутиноски очекува берзата да стане ликвидна од првиот ден. Тој објаснува дека берзата е битна за да имаме релевантна цена во секој час. Првично на берзата ќе се тргува врз принципот ден однапред, а откако, како што вели, ќе бидат сигурни дека има понуда и побарувачка во секој час, ќе се премине кон воспоставување на пазарот во текот на денот.

Директорот на МЕМО, Симон Шутиноски објаснува дека домашната берза за електрична енергија е потребна за добивање на референтни цени за Македонија. Досега, цената на струјата се пресметувала според унгарската берза ХУПЕКС, која е една од најголемите берзи во регионот. Меѓутоа, цената на ХУПЕКС не е референтна за Македонија поради различниот начин на живеење и индустријата во двете држави. На домашната берза, тргувањето ќе се одвива во секој час, каде што понудите за електричната енергија ќе бидат доставувани до производителите и трговците, а побарувачите ќе можат да ја купат енергијата по потреба. Овој начин на тргување ќе овозможи добивање на референтни цени за секој час за македонското општество, што ќе биде релевантно за индустријата, граѓаните и целокупната побарувачка и производство на електрична енергија во државата.

Шутиноски во интервјуто за МИА објаснува и за изборот на две компании на тендер и користењето на нивните платформи во наредните четири години. Една од компаниите е ЕПЕКС Спот, која е една од најголемите европски берзи. Правилата за тргување на овие платформи се изработени со помош на Енергетската заедница и се прилагодени со начинот на тргување на платформите.

Одобрувањето на овие правила, како што вели Шутиноски, се одвива преку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) согласно со Законот за енергетика. МЕМО ДООЕЛ Скопје ги изработува правилата и откако ќе бидат одобрени од регулаторната комисија, тие се официјално објавуваат на веб-страницата на МЕМО ДООЕЛ Скопје.

Шутиноски појаснува дека е одржана јавна расправа на која претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, им дал рок од две недели на сите кои имаат забелешки или предлози за доизменување на правилата да ги достават до МЕМО ДООЕЛ Скопје. По добивање на забелешките, правилата ќе бидат усогласени со регулаторната комисија и се очекуваат да бидат одобрени во втората половина на месец март.

„Во оваа бројка од 52 производители не припаѓа најголемиот производител, тоа е АД ЕСМ. Имаме 172 производители кои користат повластена тарифа кои се во портфолиото, односно во балансната група на МЕМО ДОЕЛ Скопје, но овие нема да може да тргуваат на берзата затоа што овие 172 имаат загарантиран откуп согласно моделот и механизмот за субвенционирање на овие производители. Со нивната енергија управува МЕМО и планираме дека дел од тоа портфолио, дел од таа енергија МЕМО ќе може да ја понуди на самата берза. Оние останати 52 и повеќе производители слободно можат да ја нудат нивната произведена енергија, да ја продаваат на пазарот на електрична енергија. Регистрирани се 23 трговци во моментов, имаме околу 23 снабдувачи, значи големо е портфолиото иако македонскиот пазар е мал по површина и по волумен, но е многу развиван. Има многу учесници кои активно работат на пазарот на електрична енергија што не разликува од соседите, соседните пазари. Со отпочнување на берзата ќе добиеме транспарентно тргување со електричната енергија на големо и ќе добиеме гаранција за сите оние страни кои сакаат да склучат трансакција од двете страни дека таа трансакција ќе се случи. Во досегашните билатерални договори тие пластично кажано се случуваат помеѓу две страни, гаранција меѓу нив нема, нема дека тоа е гарантирано дека може да се случи, додека во случај кога истото тоа тргување ќе се случи на берзата тогаш гаранција дека таа трансакција, тоа е тргување во одреден час на одредена енергија ќе се случи гарантот за сето тоа е МЕМО како берза, бидејќи тргувањето оди на начин што понудата која ја претставуваат производителите и цените кои тие сакаат да ја продадат енергијата и онаа побарувачка од трговците и снабдувачите и цените кои тие ги нудат се ставаат во еден систем. Тоа е трговската платформа, каде што има математички алгоритам, тој ги зема предвид сите работи, прави мечување – пресек помеѓу понудата и побарувачката и цените кои се понудени и создава една средна цена, просечна цена во тој час во кој ќе се истргува одредена енергија. За енергијата што ќе се истргува гарантот е МЕМО. Зошто? Затоа што оној што продава ќе ја продаде енергијата на МЕМО, а МЕМО ќе ја продаде на тој што е краен купувач“, Шутиноски заклучува во интервјуот за МИА.

Слични објави