Утре, проектот “Македонисимо” на Симон Трпчески и неговите пријатели ќе има своја премиера во Виена, во салата Музикферајн, во оркестарска верзија аранжирана од композиторот Панде Шахов. Квинтетот, составен од Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, ќе ги изведе македонските традиционални музички дела заедно со австријскиот Тонкунстлер оркестар, под диригентство на Јутака Садо од Јапонија. “Македонисимо” веќе имаше светска премиера во Германија пред пет години, а беше изведен и во десетина други земји пред да пристигне во Македонија, каде својата официјална премиера ја имаше минатата година во Скопје.