ЛАЖНА ВЕСТ е дека возило пропадна денеска во фонтаната на плоштад Македонија

од Вести365.МК Ј.Р.

Десетина медиуми денеска објавија дека повторно возило пропаднало во подната фонтана на плоштадот Македонија, споделувајќи иста слика која некој граѓанин ја објавил на социјалните мрежи. Вистината е дека тоа не се случило и дека некој, со објавување лажна слика, си поигрува со скопјани. Фотографиите кои предмалку ги направи фоторепортерот на „Слободен печат“ говорат дека секој објавен „факт“ треба да се земе со резерва, односно да се провери.

Мала е веројатноста  камион повторно да пропадне во фонтаната. Од пред неколку месеци просторот околу фонтаната Град Скопје го обезбеди со бетонски топки и знаци за предупредување. Фонтаната е вон употреба,  по второто пропаѓање на камион во неа, од неколкуте кои се случија во изминатите години.

Слични објави