Крвав Петровден во Прилеп- Тројца загинати во заложничка драма, од кои едно 12 годишно дете

од Вести365.МК Ј.Р.

Во Прилеп синоќа се случила трагедија во една од градските населби, каде заложничка драма заврши со тројца загинати.

Според првичните информации, маж го усмртил својот малолетен внук и неговиот татко, по што фрлил експлозивна направа и отворил оган кон полицијата.

Трагедијата завршила со самоубиство на напаѓачот.

Пред да го стори убиството, тој објавил вознемирувачка порака на својата Фејсбук страница, со што дал на знаење дека планира трагичен чин.

А на терен се полициски и истражни служби кои ги испитуваат околностите под кои се случило убиството и самоубиството. Се очекува официјално соопштение од надлежните институции.

Слични објави