Денеска ќе биде сончево и повторно многу топло – температури до 38 степени

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Како што информираат од УХМР, во наредните денови следува период на потопло време, а температурите повторно ќе надминуваат и 40 степени

Слични објави