Кортни Кардашијан е бремена: Веста му ја открила на сопругот со транспарент на концерт…

од Вести365.МК Ј.Р.

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (44) е бремена со својот сопруг Тревис Баркер (46).

Ова ќе биде прво заедничко дете на парот, додека од неуспешните врски и бракови таа има три, а тој две деца. Кортни му ја соопшти веста на својот сопруг за време на неговиот концерт Blink-182 со транспарент на кој пишуваше „Тревис, јас сум бремена“.

Подоцна Кортни ја потврди среќната вест на Инстаграм. Откако го видел знакот, Тревис го прекинал концертот, ги оставил тапаните и отишол кај својата сакана за да ја прегрне и бакне.

Среќната вест за брачниот пар Баркер дојде речиси една година откако открија дека престанале со вештачко оплодување и дека сега се е во Божји раце.

Официјално завршивме со вештачко оплодување. Замрзнавме седум јајце клетки, но ниту една не се оплоди. Ние би сакале бебе повеќе од се, и јас навистина верувам во она што Бог го подготвува за нас. Ако е бебе, тогаш верувам дека ќе се случи. Најважно е да сме среќни и добри родители на нашите деца – изјави неодамна Кортни, која имаше дури три свадби со Тревис.

Слични објави