Се комплетира списокот на кандидатите за претседател на претстојните избори.
Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ како единствен кандидат кој се пријави на повикот на партијата, а нејзината кандидатура ќе биде официјализирана на партиската конвенција. На неколку дена по распишување на изборите веќе се познати повеќето кандидати.
Така во вториот круг најверојатно повторно ќе имаме битка како минатите избори, затоа што според шпекулациите од СДСМ повторно кандидат ќе биде Стево Пендаровски.
Иако официјално не соопштија ништо, сепак за повеќе медиуми тие брифираа дека Пендаровски ќе бида нивниот кандидат.
ДУИ најверојатно ќе оди со Бујар Османи, министерот за надворешмни работи и тоа ќе биде „големата вест“ која лидерот на партијата Али Ахмети ќе ја соопшти утре. Кај ДУИ во игра беше и Ахмети, но според повеќе партиски функционери тој не сакал да се кандитира.
Како што веќе е познато, опозицијата во албанскиот блок ќе оди со Арбен Таравари, кој освен од неговото крило во Алијанса за Албанците има поддршка од Европскиот сојуз за промени.
Претседателот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е кандидат на оваа партија за претседател на државата, објави попладнево. Тој изјави дека добил поддршка од највисокото раководство на партијата да биде кандидат на партијата за претседател.
Политичката партија Левица веќе пред неколку недели објави дека на претседателските избори ќе настапи со професорката Билјана Ванковска.
Вело Марковски независен кандидат
Претходно, познатиот специјалист инфектолог проф. д-р Вело Марковски најави дека ќе поднесе кандидатура за претседател како независен кандидат на претстојните претседателски избори.
Утре ќе се знае и кандидатот на ЗНАМ на Максим Димитриевски , партијата ќе го опдржи првиот конгрес.