Ковачевски, Борел и Лајчак пристигнаа во Охрид подготвени за претстојниот дијалог помеѓу Србија и Косово, посредуван од ЕУ

од Вести365.МК | С.З.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, пристигнаа во Охрид во пресрет на утрешниот дијалог меѓу Србија и Косово.

Премиерот Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, под покровителство на Европската Унија.

„Чест и признание е да се биде домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, на кој ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, под покровителство на Европската Унија.

Посакувам продуктивен утрешен ден на двете делегации во Охрид и отворен, конструктивен дијалог во насока на решавање на отворените прашања“, истакна Ковачевски на својот фејсбук профил, по пристигнувањето во Охрид.

Слични објави