На премиерата на филмот во кинескиот театар TCL во Лос Анџелес, Кијану Ривс и остатокот од екипата на „John Wick 4“ му оддадоа почит на нивниот покоен колега Ленс Редик носејќи сина лента на облеката,бидејќи тоа беше омилена боја на Ленс.
Редик, кој го играше ликот на Харон во филмот „Џон Вик 4“, почина на 60-годишна возраст во својот дом во Студио Сити, Калифорнија, неколку дена пред премиерата во Њујорк.
Со оглед на тоа што целата екипа даваше интервјуа на новинарите кои присуствуваа на премиерата, Кијану Ривс целосно отворено, со тага и солзи во очите зборуваше за својот покоен колега Редик.
„Само што бев во негово светло и имав можност да работам со него, ќе го негувам до крајот на мојот живот. Тој имаше таква страст за својата работа и неговиот занает. Беше љубезен. Имаше достоинство да постои “, рече Кијану Ривс за Ленс Редик.
Во текот на целото интервју, Кијану имаше понизен поглед, кој во еден момент го подигна, кога имавме можност да видиме дека очите му се полни со солзи.