Кевин Харт е еден од НАЈБОГАТИТЕ холивудски актери, а еве зошто (ВИДЕО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Имено, Харт, за разлика од повеќето актери, не го претпочита вообичаениот начин на исплата на платата. Актерите обично бараат огромни суми пари однапред за да ја загарантираат својата заработка и да одат до крајност, ангажирајќи агенти и обидувајќи се да го истиснат секој долар од студиото, но Харт сака да биде платен откако филмот ќе го оствари најголемиот профит.

Харт сега претежно снима филмови за Нетфликс, но најмногу доби од рестартирањето на филмот Jumanji, поточно вториот дел од Jumanji: The Next Level. Филмот заработи неверојатни 800 милиони долари, а Харт зеде голем дел од тој финансиски колач благодарение на клаузулата во договорот.

Во гостувањето кај Џејмс Корден, 43-годишниот актер откри дека наместо голема плата пред прикажувањето на филмот, се одлучува за исплата откако филмот ќе оствари профит. Тоа, се разбира, може да биде меч со две острици, но во случајот со Харт и успехот што го постигна Џуманџи, тоа беше полн погодок.

“Преферирам да добијам пари по прикажувањето, не сакам пари однапред. Земам помалку пари на почетокот, а ако успее филмот, имам добар профит. Јас сум добар партнер. Профитот, ако филмот успее е околу 25 до 30 милиони долари“, рече Харт.

Уште еднаш нагласуваме дека Харт е меѓу ретките кои практикуваат ваков вид на плаќање, но не е единствениот. Слично размислува и Том Хенкс, кој имал таков договор кога го снимал Форест Гамп и на крајот заработил околу 70 милиони долари. Џек Николсон го направил истото кога го играл Џокер во Бетмен, земајќи мала сума однапред и околу 40 до 60 милиони долари откако филмот стана голем хит.

Слични објави