КАКО НА ФИЛМ: Откриен ТУНЕЛ за бегство на затвореници во Идризово – Директорот разрешен

од Вести365.МК Ј.Р.

Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство.

Според информациите, акцијата за откривање е спроведена во координација со повеќе институции.

Неофицијално, тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица. Ископаниот тунел бил долг 60 метри. Тунелот почнувал од шеталиштето во затворениот дел на затворот, а водел надвор од затворот. Во овој дел од затворот се сместени затвореници со високи казни, меѓу кои има и осудени на доживотен затвор.

Неофицијално, сето ова се правело со месеци, од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека наскоро ќе излезат со повеќе детали за спроведената акција.

Владата на денешната седница го разрешила сега веќе поранешниот директор на скопскиот затвор „Идризово“, Шпенд Тахири, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција.

На место на Тахири, за нов в.д. директор на најголемиот затвор во државата е именуван генерал-мајор Зоран Јовановски, кој, како што соопшти Ковачевски има богата професионална кариера во Министерството за внатрешни работи.

„Денеска на седница на Влада донесовме одлука за именување на нов в.д. директор на на КПД `Идризово`.  Досегашниот директор беше разрешен од фунцијата, а за нов директор на мој предлог е именуван генерал-мајор магистар Зоран Јовановски кој има богата професионална кариера пред се во Министерството за внатрешни работи“, рече Ковачевски.

Слични објави