Итно соопштение на австриската полиција во врска со исчезнатата Данка, ги бараат двете жени

од Вести365.МК | М.Т.

Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста српското девојче да е на видеото, објави Телеграф.

„Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, се претпоставува дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција по наредба на јавниот обвинител бара објавување на снимките“, соопштено е.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени фотографирани со девојчето веднаш да се обратат во полиција.

Австриската полиција трага по две жени кои беа снимени на трамвајска станица во Виена со девојчето за кое се верува дека е малата Данка Илиќ, двегодишното девојче кое исчезна на 26 март во Бањски Поље кај Бор.

Да потсетиме, малата Данка исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор и оттогаш по неа се водат интензивни трагања.

На 30 март, жител на Виена, родум од Србија, на трамвајска станица снимил девојче кое изгледа како малата Данка во придружба на две непознати жени, најверојатно романски државјанки. После тоа беше издаден жолт налог за претрес на Интерпол, а во потрагата по исчезнатото српско девојче веднаш се вклучи и криминалистичката полиција на Австрија.

Да потсетиме, девет дена српската полиција и другите служби неуморно го чешлаат просторот каде последен пат била видено девојчето.

Слични објави