Италијански град нуди 6.000 евра да живеете и работите во него

од Вести365.МК Ј.Р.

Италија се обидува да привлече луѓе на неколку локации. Под слоганот „Дојдете да живеете во Варезе“, градот започнува иницијатива за привлекување млади луѓе. Градот Варезе се наоѓа во северна Италија, на околу 50 минути возење од Лугано – сместен меѓу зелени ридови, со привлечен урбан изглед и добри транспортни врски. До италијанската метропола Милано со автомобил се стигнува за околу еден час, објавува списанието Fenix.

Сериозна причина што го загрижува градот е недостатокот на квалификувана работна сила и одливот на населението. Секој што ќе се регистрира трајно како жител во Варезе и ќе се вработи во локална компанија ќе добива нешто повеќе од 1.800 швајцарски франци годишно три години по ред, вкупно нешто помалку од 6.000 швајцарски франци (околу 5.700 евра), информира Н1 Хрватска.

Слични објави