Италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини денеска издаде директива со која им наредува на локалните совети да не воведуваат општи намалувања на брзината на сообраќајот. Овој потег доаѓа откако Болоња претходно ја намали максималната брзина на само 30 километри на час од претходните 50, што е во согласност со повеќето урбани области во Италија, пренесува Ројтерс.
Како одговор на ограничувањата во Болоња, Салвини издаде директива на шест страници во која се наведени националните правила според кои државните ограничувања за брзина може да се усвојат само во чувствителни области, како што се во близина на училиштата. се спротивни на националните правила.
Градоначалникот на Болоња, Матео Лепоре не ја коментираше одлуката на Салвини, но претходно изјави дека нема намера да ја врати дозволената брзина на 50 километри во тој град.
Болоња минатата недела стана првиот европски град кој ја ограничи брзината на возење на 30 километри на час, што предизвика протести на возачите и закани од такси превозниците да ги зголемат цените на нивните услуги поради очекуваното забавување на сообраќајот, како и загриженоста на возачите на градските автобуси.