Изложба на дела од Петар Лубарда во МСУ-Скопје

од Вести365.МК | М.Т.

Од утре до крајот на март, Музејот на современа уметност ќе изложи дела на Петар Лубарда, еден од најзначајните југословенски сликари од првата половина на минатиот век. На изложбата ќе бидат прикажани 40 слики, од кои 26 се дел од колекцијата на МСУ, директен подарок на Лубарда по земјотресот во Скопје во 1963 година. Исто така, ќе бидат изложени два акварели и 10 цртежи кои прикажуваат период од 25 годишнатаработа на уметникот. Изложбата е организирана во знак на соработка помеѓу министерствата за култура на Македонија и Црна Гора, амбасадата на Црна Гора и МСУ, но исто така повод е и навршувањето на шест децении од скопскиот земјотрес. Кураторите на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски, а соработници конзерватори се Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Изложбата е под покровителство на претседателот Пендаровски.

Кураторите на изложбата го истакнуваат Лубардовото драматично чувство за светот, во контекст на географските, социјалните, политичките и културните слоеви на неговото место на потекло. Тие објаснуваат дека неговата уметност е исполнета со медитерански импулси и експресионистички елементи, што се преклопуваат со фигуративните асоцијации и интензивно обоените апстракции. Лубарда ги трансформира локалните теми и мотиви низ формалната игра со визуелните елементи, вградувајќи ги во неговиот стремеж за универзалност. Изложбата прикажува дела од Лубарда од колекцијата на МСУ, кои ја истакнуваат неговата приврзаност кон црногорскиот пејсаж и старата култура, како и кон судбоносните и историските теми.

Слични објави