Уште еден во низата земјотреси, овојпат со јачина од 4,2 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Албанија. Земјотресот од Албанија беше почувствуван и во западниот дел од Македонија.
Според информациите објавени на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил регистриран во 18:43 часот по локално време на 28 километри од Елбасан, на длабочина од пет километри.
Засега нема информации за материјални штети.