За утре закажано продолжение на Надзорната расправа за АЛТА банка

од Вести365.МК Ј.Р.

На 85. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на 25 ноември (среда) 2026 година, во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи продолжение на Надзорната расправа на тема: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Надзорната расправа ќе продолжи со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) повикани од Комисијата за финансирање и буџет.

СДСМ со низа неосновани обвинувања излегува последниов период токму на тема случувањата со Алта банка. Покрај тоа што ширеа паника кај граѓаните, посочуваа дека нешто мора итно да се преземе.

Тоа што беше во нивни раце, не се чинеше дека им е нешто така итно. Првата надзорна седница ја свикаа дури по 10 дена, а за закажување на втората им требаа две недели.

Слични објави