За премиерот Ковачевски предлогот за заедница на албански општини е несериозен и неприфатлив

од Вести365.МК | М.Т.

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајки на прашање и коментар за предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини во Северна Македонија, го оцени како несериозен, неевропски и неамерикански. Тој истакна дека проблемите во Северна Македонија се решени со Охридскиот рамковен договор, кој гарантира права на сите етнички заедници во државата. Премиерот исто така спомена дека во Косово постои договор помеѓу двете страни кој ги решава проблемите од минатото. Тој заклучи дека оние кои го заговараат предлогот не се добро информирани за договорите што ги решаваат идентитетските прашања на Балканот. Ковачевски изрази увереност дека проблемите во Северна Македонија и Косово ќе бидат решени преку заемен договор помеѓу Косово и Србија со посредништво на САД и Европската Унија.

Слични објави